За PAVIA

Препознатлив македонски бренд...

Идејата „PAVIA” да стане претпознатлив бренд, денес после 15 години постоење е повеќе од реализирана. За тоа зборуваат потрошувачите, девојките, жените, мајките и сите оние кои знаат што е квалитетно, модерно и убаво.
Ако на сето ова се додадат коректните цени на парчиња облека кои со години наназад ги задоволуваат очекувањата на женската популација, тогаш повеќе од очигледно е дека преку слоганот „купи евтино“, Павиа си го потврди своето постоење.

Во оваа модерна скопска приказна бизнисот е помешан со креативност, љубов, упорност и постојаност. Македонско производство, увоз од странство, активно следење на модните светски трендови, се со цел потрошувачите да можат да купат облека со цени прилагодени на македонскиот стандард.

Љубезниот персонал, услужливоста и можноста секој да си пронајде нешто квалитетно за себе е она што Павиа го прави препознатлив и одржлив бренд на македонскиот пазар. Денес Павиа брои 3 малопродажни објекти (бутици) со тенденција за проширување.

PAVIA е почеток на твојата приказна!

НАЈДОБАР КВАЛИТЕТ

СЕКОГАШ ВО ТРЕНД

НАЈНИСКИ ЦЕНИ